Околу 200 камиони со хуманитарна помош, меѓу кои два со гориво, денеска ќе влезат во Појасот Газа, најави шефот на египетскиот Црвен крст во Северен Синај, Калед Зијад.

Камионите влегуваат во Газа преку израелскиот граничен премин Керем Шалом, откако беа пренасочени од Рафа, според договорот меѓу египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден.

Помошта доаѓа во Египет откако Израел започна воена операција за преземање на палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет на 7 мај, објавија израелските медиуми.

Не сакајќи да биде соучесник во преземањето на преминот од страна на Израел, Египет одби да го отвори Рафа додека израелските сили не се повлечат од другата страна на границата.

Сиси и Бајден во телефонски разговор во петокот се договорија привремено да испратат хуманитарна помош и гориво преку преминот Керем Шалом додека не се создадат услови за отворање на преминот Рафа од палестинска страна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.