Конвојот од 20 камиони утрово ја помина границата Рафа, единствениот граничен премин меѓу Египет и палестинската енклава, кој не е контролиран од Израел. Во Газа се внесени пакети со храна, вода и лекови.

Палестинското Министерство за здравство изрази загриженост што горивото не е дел од хуманитарната помош и апелираше до меѓународната заедница и Египет веднаш да се вклучат во испораката на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе човечки животи во болниците.

Израелската армија претходно денеска објави дека хуманитарната помош што влегува во Појасот Газа ќе оди само на југот на енклавата, каде што претходно ги повика палестинските цивили да се евакуираат.

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека нема да има гориво во хуманитарната помош.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.