Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателката Камала Харис, Џамал Симонс изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД.

– Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура, истакна Симонс на панел на Си-ен-ен (CCN).

Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.

Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе ѝ даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, посочи Симонс.

Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи судијката Соња Сотомајор да се повлече за Бајден да ја замени со Харис пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.