Руската армија објави дека го зазела селото Костјантинивка на истокот на Украина.Во снимката објавена на официјалниот YouTube канал на британскиот Дејли Телеграф, се гледаат руски војници како ставаат знаме на куќа во опустошено село.

Потоа следи видео на Министерството за одбрана на Русија, на кое се гледа како се одвивале борбите за тоа село кое се наоѓа на 47 километри југоисточно од стратешки важниот украински град Покровск.

Тој град се наоѓа на клучната рута што ја користи украинската армија за снабдување со борци на фронтот.

Руските медиуми Покровск го нарекуваат „Порта на Донбас“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.