Крадци  изнесоа  накит вреден еден  милион долари од продавница за накит во трговски центар во Спартанбург, Јужна Каролина.

Час и половина по затворањето, сопствениците на „Queens Jewellers“ добиле известување на телефоните дека се огласил алармот.

После тоа имаа што да видат на снимката од камерата – четворица маскирани упаднале и украле дијамантски накит и часовници „Картие“ и „Ролекс“, а вредноста на украдената стока се проценува на повеќе од еден милион долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.