Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека пристигнал во Мариупол, каде што се сретнал со своите и со руските војници, кои напредуваат во градот.
Истовремено, Кадиров објави видео снимка од рускиот генерал, Андреј Мордвичев, за кого украинските власти тврдеа дека е загинат во бробите во Украина.
На видеото што го објавува Кадиров се гледа како тие двајца се прегрнуваат во знак на поздрав.
„Ахмат е вистинска сила!“, вели рускиот генерал, алудирајќи на извикот на чеченските борци, што се однесува на таткото на Рамзан Кадиров, Ахмат, додека, пак, претседателот на Чеченија кон камерата вели „тоа го вели најдобриот командант“.
Кадиров додаде дека генерал Мордвичев ќе продолжи да командува со 8-та армија на јужниот воен округ.
Освен со Мордвичев, Кадиров разговарал и со претседателот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин за текот на воената операција и ситуацијата во Мариупол.
Претходно, градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, соопшти дека градот околу кој со недели се воделе жестоки битки, е во рацете на руската армија.
Не е се во наша моќ. За жал, денес сме во рацете на непријателот – рече Бојченко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.