Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров изјави дека на таа позиција е долго време и дека заслужува „неопределен и долг одмор“.

„Јас ја водам републиката 15 години. Ние, Кавказците и Чеченците имаме една изрека: `Колку и да е ценет, долгоочекуван гостин, ако замине на време, уште попријатно е`. Мислам дека дојде моето време. Се додека не ме избркаа. Мислам дека сум веќе стар. Порано бев најмлад, неискусен. А сега останав неискусен, но младоста отиде некаде“ – изјави Кадиров на Телеграм.

Кадиров изрази надеж дека Чеченците ќе го „поддржат и разберат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.