Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави видео од првата линија на фронтот во украинскиот град Рубижне, кој се наоѓа во областа Луганск.

Во градот Рубижне, чеченските борци заедно со армијата на Русија и на Луганската Народна Република, успешно ја чистат територијата од ѓубрето на Бандера. И покрај отпорот на бандитите и многучасовните бпорби, нашите војници самоуверено продолжуваат напред – напиша Кадиров на својот канал Телеграф.

Претхгодно, претставникот на Народната милиција на Луганската Народна Република, Андреј Марченко, претходно за локалните медиуми изјави дека хуманитарната состојба во тој град е многу лоша.

Минатата недела во тој град експлодираше цистерна со опасна киселина, поради што Марченко му порача на локалното население да остане во своите засолништа и да ги искористи сите можни заштитни средства.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.