Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, понуди награда од 1 милион долари за информации за тоа каде се наоѓаат припадниците на чеченскиот баталјон „Шеик Мансур и Дудаев“, коишто се борат на страна на украинските сили во конфликтот со Русија.

Нудам награда од еден милион долари (има покровител кој е подготвен да донира) на секој што ќе каже каде е таканаречениот баталјон на шеикот Мансуров и Дудаев – вели Кадиров во аудио порака објавена на Телеграм.

Кадиров порачува дека баталјонот мора да биде „уништен“ или неговите членови „мора да клекнат и да побараат прошка од својот народ и од сите муслимани...“.

Како што пренесува „РИА Новости“, Кадиров претходно ветил дека ќе „се разјасни“ со луѓето што побегнале од Чеченија, себеси се нарекуваат „баталјон на шеикот Мансур и Дудаев“ и ветиле  дека ќе и помогнат на Украина во борбата против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.