Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, неделава беше вопосета на Мариуполкаде што се состана со шефот на ДНР Денис Пушилин и офицерите коишто ги предводат руските сили и разговараше за плановите за понатамошна соработка.
Кадиров истакна дека 90-95 отсто од Мариупол е заземен, а последното место што се уште не е целосно под контрола на руските сили е големиот металуршки комплекс Азовстал.
Мариупол веќе е 90-95 отсто ослободен од бандити и нацисти. Животот постепено се враќа на слободната територија на градот. Луѓето излегуваат на улиците од нивните засолништа, уморни од канонадата на експлозии и гладот. Некои возат и автомобили. Има и такви кои се премислија да одат во Ростов на Дон и се враќаат во Мариупол со приватен превоз – објави Кадиров на својот канал на Телеграм.
Според Кадиров, пратеникот на Државната дума од Чеченија, Адам Делимханов, тесно соработува со командантот на 8-та гардиска комбинирана армија на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-полковник Андреј Мордвич и тие ја обиколуваат територијата под нивна контрола, ги идентификуваат потенцијалните непријателски борбени позиции, комуницираат со руските војници, ги расположуваат и го подигнуваат воениот дух.
Користејќи го заробеното радио на „Азов“, Адам Султановиќ им понуди на Украинците, кои со измама беа вмешани во бандата, да се предадат на руските сили. Во исто време, нема да има милост за командантите на баталјонот „Азов“, кои ќе бидат избркани од „Азовстал“ од нашите војници – вели Кадиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.