Сојузничките сили на Русија и Луганската Народна Република (ЛНР) го затвориле обрачот околу украинските сили во селата Золото и Горско.
Ваквата информација ја потврди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот Телеграм канал, пофалувајќи го успехот на чеченските специјалци кои се борат заедно со силите на ЛНР и руската армија.
Оперативните информации директно од линијата на контакт доаѓаат од борците на специјалниот полициски полк именуван по херојот на Русија, Ахмат-Каџи Кадиров. Според достапните веродостојни информации, непријателот бил потиснат во тесен обрач помеѓу населбите Золоте и Горскоје, со што се затворени сите патишта за нивно повлекување.
Војниците на сојузничките сили вршат силен оган врз позициите на непријателот кој претрпува големи загуби во жива сила. Добро осмислената стратегија на нашите момци, заедно со одличните борбени вештини, уште еднаш донесе добри резултати. Во моментов, нацистите на Бандера и платениците од разни земји, кои на своја кожа го чувствуваат целиот професионализам на чеченските безбедносни сили, имаат само две опции – капитулација или предвремено заминување од овој свет – порачува Кадиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.