Чеченскиот челник Рамзан Кадиров во понеделник најави дека тројцата малолетни синови ќе ги испрати во зоната на воените дејствија во Украина.

Малолетната возраст не треба да се меша со обуката на бранителите на нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченската република Херојот на Русија Ахмат Хаџи Кадоров – Ахмат, Ели и Адам имаат 16,15 и 14 години. Но нивната воена обука започна многу одамна, речиси од најрана возраст“, објави Кадиров на платформата Телеграм.

Истакнува дека во базата на Рускиот универзитет на специјалните сили во Гудармес, тие се „обучуваат да ракуваат со различни видови оружје, како да го користат на секоја дистанца и теоретските основи“ како и дека тројцата се „подготвени да ги применуваат своите вештини во зоната“ на борбените дејствија.

Дојде времето да се покажат во вистинска борба, а јас само ја поздравувам нивната желба, истакнува Кадиров.

Чеченскиот водач има 14 деца, според податоците на неговата официјална страница, но некои медиуми пишуваат дека би можело да ги има и повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.