Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченската Република, се огласи на својот профил на „Телеграм“.

Овој пат зборуваше за Западот и неговиот однос со Русија, јавуваат медиумите во регионот.

„Западниот свет очигледно сè уште не може да разбере едно нешто. Ова е уште една силна и моќна Русија и вие, западни политичари, треба да ја преиспитате не стратегијата за распаѓање на Руската Федерација, туку односот кон соработката со земјата која Западот ја ограби и понижуваше во изминатите 20 години, а денес е моќна политичка структура, реорганизирана, непопустлива.

Русија знае како да се дружи, а најдобар пријател меѓу сите земји во светот е оној кој е сигурен, искрен.

Но, како што со право забележа нашиот претседател Владимир Путин, ако некој сака залак од туѓа земја, ќе остане без заби и до крајот на животот ќе јаде џвакана храна што ја хранел соседот со лажица. Научете да бидете пријатели со Русија – вашите заби ќе бидат поздрави“, напиша Кадиров на апликацијата „Телеграм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.