Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва.

Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Немаат! Дали имаат чувство за чест? Немаат! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Не! – рече Кадиров.

Тој истакна дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.

Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била под закана во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја – рече тој.

Тој исто така истакнува дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.

Тој посочува дека им дава збор дека ако не ги бранат нивните интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси.

Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами и ние Чеченците ќе ја браниме нашата земја и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата – заклучи Кадиров,пренесе Аваз.ба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.