Според излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места, десничарската коалиција предводена од партијата Браќа од Италија на Џорџа Мелони е победник на парламентарните избори во Италија.

Според излезната анкета подготвена за телевизијата РАИ, централно-десничарската коалиција може да очекува 41-45 отсто од гласовите, коалицијата на левиот центар предводена од Демократската партија 25,5-29,5 отсто од гласовите, а популистичкото Движење пет ѕвезди 13,5 -17,5 отсто од гласовите. Центристичката партија Акција може да смета на 6,5-8,5 отсто од гласовите.

Иако официјалните резултати се уште се бројат, честитки веќе пристигнуваат од Унгарија.

Балаш Орбан во името на Виктор Орбан ѝ ја честиташе победата на Џорџија Мелони.

Пораката гласи:

„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни требаат пријатели кои имаат слична визија за предизвиците што претстојат. Нека трае долго унгарско-италијанското пријателство“.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.