Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, соопшти дека 267 украински маринци им се предале на руските војници во Мариупол.
Како што информира Кадиров, станува збор за 503-от баталјон на 36-та специјална бригада на украинската морнарица.
Овие луѓе направија многу правилен и разумен избор!
Отсекогаш се обраќав до украинската војска со предлог да се предадат и заедно со руската војска да го воспоставиме редот во земјата заради мирниот живот на долготрпеливиот украински народ.
Овој повик го слушнале 267 луѓе. Нивните семејства повеќе не треба да се грижат за нив. Тие се сосема безбедни.
Апелирам до оние кои се уште се во мисла. Ние не се бориме со цивили. Се бориме со бандити, нацисти, азовци и шејтани, кои нема да им донесат ништо добро ниту на Русите, ниту на Украинците – порачува Кадиров во објавата.
Претходно, Кадиров соопшти дека во Чеченија се формира друга група доброволци кои ќе учествуваат во специјална операција во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.