Авионот што вообичаено го користел рукиот претседател Владимир Путин полетал од Москва кон Санкт Петербург. По извесно време авионот исчезнал од Флајтрадар, што најверојатно значи дека ги исклучил уредите за следење.

Не е познато дали Путин бил во авионот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно објави дека Путин е во Москва и работи во Кремљ.

Авионот полетал во 14:16 часот по локално време, а дестинацијата не била наведена.

Рускиот вицепремиер Денис Мантуров наводно веќе е во Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.