Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на планираните разговори во среда, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Најверојатно нема да се сретнат утре. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
Тој изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, увидувајќи ја економската штета што и ја нанесува на Русија.
Зборувајќи за украинските услови за натамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.