Јужна Кореја соопшти дека утврдила дека остатоците од севернокорејската ракета истрелана кон југ минатата недела укажуваат дека станува збор за противвоздушно оружје од советската ера, кое датира од 1960 година, пишува АП. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека ги анализирало остатоците од ракетите пронајдени од водите во близина на источната морска граница на Кореја.

Тие тврдат дека анализата покажала дека станува збор за една од севернокорејските ракети земја-воздух US-5. Министерството соопшти дека сличен проектил користел руската војска за да изврши копнени напади за време на инвазијата на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.