Јужноафриканските власти, кои ја истражуваа смртта на 21 тинејџер во ноќен клуб на источниот брег за време на викендот, денеска соопштија дека причината за смртта на младите најверојатно е нешто што јаделе, пиеле или пушеле, а можноста за стампедо е исклучена.

„Тоа е или нешто што го проголтале и се отруле, без разлика дали е храна или пијалок, или нешто што го вдишувале“, рече Унати Бинкосе, портпарол на одделот за безбедност на заедницата во провинцијата Источен Кејп.

Тој додаде дека целосно се исклучува можноста дека станува збор за станпедо.

Според портпаролот на полицијата во провинцијата, Тембинкоси Кинан, најмладата жртва е 13-годишно девојче.

Претседателот Сирил Рамафоза во неделата изјави дека е загрижен за околностите под кои на младите, вклучително и на оние помлади од 18 години, им било дозволено да се собираат во клубот. Во Јужноафриканската Република е забрането да се служат пијалоци на деца под 18 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.