Откако неколку дена претходно го назначи новиот министер за обединување, претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, изјави дека Министерството премногу се фокусирало на помагање на Cеверна Кореја во минатото и дека треба да се направат измени.
Министерството за обединување дејствуваше како министерство за да и помогне на Cеверна Кореја и тоа е погрешно, нагласи Јун во изјавата објавена од неговиот портпарол, додавајќи дека е време да се промени институцијата.
Според извештајот, Јун го повикал Министерството да се залага за либералните демократски вредности и порачал дека обединувањето треба да донесе „подобар и похуман живот“ на луѓето на југ и на север.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.