Рози Морел е сексуална работничка и политички кандидат за новорегистрираната партија „All is God”, која ќе се бори за место во Јужен Дорсет, за изборна единица во Долниот дом на британскиот парламент.

Рози го привлече вниманието во центарот на Лондон откако се појави во бикини со британско знаме. Целта на нејзиното појавување беше да ја промовира свеста за целите на идната партија чиј член е таа. Ако добие поддршка од гласачите, Рози ќе стане првата сексуална работничка која ќе влезе во политиката.

Роуз има профил на „Aw Lists“, што е збирка на профили на сексуални работнички за содржини за возрасни. Таму таа им се претставува на потенцијалните клиенти под корисничкото име „RosieSexTherapist“.

Јас сум обучен терапевт со страст за секс и помагање на луѓето. Сексот е витален дел од нашите животи и како терапевт и модел, сакам да ги охрабрам луѓето да го слават сексот и да уживаат во нивните фантазии и да се чувствуваат слободни со своите тела и желби“, пишува на страницата.

Таа се декларира како комбинација на „терапевт, изведувач, ку*ва и божица“ која на клиентите ќе им донесе искуство надвор од обичното. Од нејзиниот опис, може да се дознае и дека таа има диплома по психологија и дека е обучен напреден терапевт за техника на емоционална слобода и мајстор за Реики.

Јас сум длабоко духовна личност и можам да ве канализирам; ова е необична дарба што ми овозможува да се поврзам и да ги канализирам енергиите на Божицата додека ве лекувам. Јас сум исто така видовита, високо интуитивна и многу чувствителна; сите овие алатки ми дозволуваат да почувствувам што ве кочи, да го разберам лекувањето што ви треба, да го испорачам тоа исцелување и да ги исполнам вашите желби во еден холистички и еротски процес“, се вели на страницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.