Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба.

Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина.

Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет.

Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.