Јапонската Влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челичен армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри за во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.
Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пишува јапонскиот весник „Асахи Шимбун“.
Како што се наведува, објектите ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде што евакуацијата е можна само со авион и брод.
Засолништата ќе бидат достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Во објектите ќе се складира доволно храна и вода за најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе.
Локалните власти соопштија дека кога нема да бидат во употреба, засолништата може да се користат за состаноци и други собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.