Сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines, кој се запали на аеродромот во Токио по судир со авион на крајбрежната стража, се евакуирани за 90 секунди.

Патниците од авионот биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти пожарникарската служба.

Иако драматичните снимки покажуваат како пламенот го зафатил авионот додека се движи по пистата, сите во авионот се безбедно евакуирани.

Новинарот и писател Кристијан Мартини, кој случајно се нашол во Токио за време на драматичниот инцидент со евакуацијата на авионот, опишува како екипажот и капетанот успешно го евакуирале авионот со 367 патници и 12 членови на екипажот без ниту една загуба на животи.

Имаме чудо од едната страна каде 367 патници успеале да излезат од полн авион. Значи, ова е авион полн со луѓе и тие можеа да излезат за 90 секунди, како и екипажот и капетанот и сите се живи. „За жал, најновите вести за другиот авион – авионот на крајбрежната стража – раскажуваат поинаква приказна и можеби дури и грешката била на авионот на крајбрежната стража, кој за жал изгубил пет луѓе кои биле внатре“, рече тој.

За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки кои се користат во итни случаи.

За жал, во судирот загинаа пет членови на екипажот и патници на авионот на крајбрежната стража што превезуваше помош во регионите погодени од земјотресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.