Хакан Ајсал бил уапсен минатата година поради убиство на својата бремена сопруга Семре Ајсал кое се случило во јуни 2018-та година додека биле на одмор во Долината на пеперутките, во провинцијата Мугла на средоземниот брег на Турција.

Полицијата го обвинила Ајсал дека ја убил својата сопруга во седмиот месец од бременоста, туркајќи ја од 300 метри висока карпа, а Семре инаку се плашела од висина.

Пред убиството, парот се сликал на карпата, а обвинителите тогаш тврделе дека Ајсал планирал убиството да го прикаже како несреќа за да добие пари од осигурувањето договорено кратко пред смртта на Семре. Имено, полисата за осигурување од незгоди ја направил во нејзино име со гаранција од приближно 46.000 евра.

Минатата година во јавноста се појавила и видеоснимка која го покажува парот како оди по опасни стрмнини неколку моменти пред жената да биде турната во смрт.Обвинителите рекле дека карпата минале три часа бидејќи Ајсал чекал момент околу нив да нема никој. Кога сфатил дека се сами, ја турнал од карпата.

Ајсал тврдел дека не е одговорен за смртта на Семре.

„Откако ја направи фотографијата, мојата сопруга го стави телефонот во чанта. Подоцна ме замоли да и го дадам телефонот. Станав, а кога се оддалечив неколку чекори за да го земам телефонот, ја слушнав Семре како вреска. Кога се завртев, не беше таму. Не ја турнав својата сопруга“, рекол Ајсал.

40-годишниот Хакан Ајсал во вторникот бил осуден најмалку 30 години затвор, пред судот воопшто да разгледа негово ослободување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.