Нови судски документи откриваат дека првоодделенецот, кој на почетокот на оваа година ja застрела свoјата наставничка, подоцна се пофалил пред вработената што го пронашла со пиштолот со зборовите „Ја пукав таа кучка до смрт“.

Наставничката Абигејл Звернер се здоби со тешки повреди на торзото и на раката откако беше застрелана на 6 јануари во основното училиште Рихнек во Њупорт Њуз, Вирџинија.

Според незапечатените извештаи, шестгодишното момче кое го повлече чкрапалото покрај шокантите коментари открило и дека пиштолот го зело од неговата мајка. Мајката на ученикот се изјасни за виновна за федералните обвиненија за оружјето, ѝ ќе биде осудена во октомври.

Звернер оттогаш поднесе тужба од 40 милиони долари против јавните училишта во Њупорт Њуз, обвинувајќи ги официјалните лица дека игнорирале неколку предупредувања за ученикот што довеле до пукањето. Таа за истрагата открила дека имало повеќе „дисциплински инциденти“ со момчето пред пукањето. Инцидентите вклучувале физичко насилство и закани за насилство.

Пензионирана наставничка во основно училиште во Њупорт Њуз им кажала на инспекторите дека истиот ученик ја давел во септември 2021 година.

Џејмс Еленсон, адвокат на семејството за Си-Ен-Ен рече дека детето посетува редовна терапија и покажало подобрување.

Детето имаше екстремни емоционални проблеми и сите работиме да видиме дека тој се подобрува секој ден, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.