Десетгодишно девојче преживеа ноќ во силна снежна бура во Русија гушкајќи куче, јави CNN, повикувајќи се на руската државна телевизија и локалните медиуми.
Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела излегло од училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома.
Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој беше покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.
Властите и локалното население го бараа девојчето во текот на ноќта откако беше утврдено дека е исчезнато.
Тие се фокусирале на куќите со домашни миленици бидејќи мештаните пријавиле дека го виделе девојчето како си игра со куче ноќта пред да исчезне.
Родителите на девојчето ѝ кажале на полицијата колку таа сака да си игра со домашни миленици.
Доброволец го нашол девојчето следното утро, како седи со куче во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јави руската државна телевизија.
Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.