Се верува дека се убиени околу 18 лица. Воен персонал, доброволци, пожарникари и полиција постојано работат на извлекување на телата од урнатините. Властите проценуваат дека тоа попладне во трговскиот центар имало меѓу 200 и 1.000 луѓе.
Многумина успеале да побегнат во блиското засолниште кога слушнале сирени за воздушен напад. Другите не стигнале на време и останале заробени во зградата.
– Ја напуштив зградата две минути пред експлозијата. Моите колеги кои работат во поголеми продавници, како што се супермаркетите, на пример, мораа да чекаат клиентите да излезат пред да го напуштат. Имавме среќа бидејќи во нашиот дуќан за време на алармот немаше муштерии – изјави за Гардијан Јевхенија Семјонова (38), продавачка во продавница за спортска облека во трговскиот центар.
Нападот го осудија ОН и западните земји.
Семејствата на исчезнатите се во хотел од другата страна на улицата.
Повеќе од 1.000 луѓе беа во објектот кога два руски проектили го погодија трговскиот центар, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Покрај 18-те убиени, 25 лица се хоспитализирани, а 36 исчезнаа, изјави Дмитро Лунин, гувернер на Полтава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.