Рускиот претседател Владимир Путин се возеше со Мерцедес преку Кримскиот мост, помалку од два месеци по експлозиите кои го оштетија мостот.

Патниот и железнички мост долг 19 километри, кој беше отворен во 2018 година, беше нападнат на 8 октомври, а за нападот Русија ја обвини Украина

Се возиме по десната страна. Левата страна, колку што знам, е функционална, но сепак треба да се заврши. Уште е малку оштетена и треба да ја доведеме во идеална состојба – изјави Путин.

Украина не ја превзема одговорноста за бомбардирањето на мостот кое се случи на денот на 70 роденден на Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.