Во периодичниот извештај на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН за ситуацијата во Украина беа презентирани докази за тортура врз заробени руски војници од страна на припадници на украинските вооружени сили.

Во извештајот се наведува дека 104 од 205 руски заробеници интервјуирани од март 2023 година, пријавиле тортура или други форми на малтретирање, што укажува на континуиран тренд.

Поголемиот дел од актите на тортура или малтретирање на руските воени заробеници се случиле на неофицијални или транзитни локации, вклучувајќи гаражи, подруми или приватни домови“, се вели во извештајот.

Главните методи на тортура од страна на украинските војници биле брутално тепање, вклучително и по колена и зглобови, закани со смрт или користење електрошокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.