Израелските сили рано утрото го нападнаа градот Газа и колони тенкови влегоа во центарот на градот од различни правци, што жителите го оценија како еден од најголемите напади од 7 октомври минатата година кога почна војната.

Властите во Газа веруваат дека десетици луѓе загинале, но спасувачките тимови не можат да стигнат до нив поради офанзивите во Дарај и Туфах на исток и Тел Ал-Хава, Сабра и Римал на запад.

Очевидци изјавија дека израелски тенкови се стационирани во некои делови на Тел Ал-Хава и Сабра, но не навлегле длабоко во три други населби кои, биле бомбардирани цела ноќ, до раните утрински часови. Во нападот уништени се неколку згради.

Тенковите дојдоа и од исток, принудувајќи ги луѓето кон западниот пат во близина на морето.

Израелската армија објави дека почнала операција против Хамас во Појасот Газа и дека елиминирала повеќе од 30 борци кои биле закана за израелските војници. Новата израелска офанзива доаѓа во време кога Египет, Катар и САД ги засилуваат напорите за посредување за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.