Извори од израелското разузнавање коментираат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, излегува од тунелите во Газа и шета меѓу Палестинците во областа облечен во женски алишта и преправен во жена, објави британскиот весник „Дејли Експрес“.
Весникот го цитира поранешниот шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, Шалом Бен Ханан, кој е вклучен во потрагата по Синвар.
Бен Ханан објасни дека Синвар не останува во тунелите повеќе од 24 до 36 часа. Причината за таквата рутина на Синвар е тоа што лидерот на Хамас знае дека доколку остане подолго време на едно место, Израелците може да го најдат со помош на техничките средства што им се на располагање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.