Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека борбени хеликоптери извршуваат нови напади во на либанска територија, пренесува Скај њуз.
Првичен извештај – хеликоптери на ИДФ во моментов вршат напади на либанска територија, се вели во соопштението објавено на Телеграм.
Засега нема повеќе детали, јавија израелски медиуми.
Нападите доаѓаат по извештаите за престрелки на границата со Либан, за што ИДФ тврди дека ликвидирале „голем број лица кои се инфилтрирале“.
Од друга страна, групата Хезболах со седиште во Либан, поддржана од Иран, тврди дека не се обидела да изврши упад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.