Премиерот на Израел Нафтали Бенет во моментов се среќава со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, потврдуваат од неговиот кабинет.

Според соопштението од Кабинетот на премиерот, средбата траела 2,5 часа.

„Премиерот полета за Москва рано утринава, по разговорот меѓу лидерите минатата среда“, се вели во соопштението.

Кабинетот на премиерот соопшти дека Бенет е придружуван од министерот за домување Зеев Елкин, ки советникот за национална безбедност Ејал Хулата, дипломатскиот советник Шимрит Меир и портпаролот Матан Сиди.

За средбата биле информирани САД и Украина, јавуваат израелските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.