Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир повикал на трајна окупација на Појасот Газа.

Во објава на мрежата „Х“, тој го изразил своето противење на американското посредување во преговорите меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и посочил дека Хамас „мора да биде уништен, до целосно предавање“, пренесува „Ал Џезира“.

Според неговото мислење, преносот на сета хуманитарна помош и гориво треба да биде суспендиран додека не се ослободат сите заложници кои ги држи Хамас, а израелските власти треба „да го охрабрат населувањето и окупацијата на територијата на Појасот Газа, со цел Израел трајно да ги задржи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.