Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, пред почетокот на денешниот министерски состанок на ОБСЕ, за разлика од многумина, застана пред новинарите на влезот на салата „Борис Трајковски“ и рече дека Израел, откако ќе бидат ослободени заложниците и ќе заврши примирјето, ќе продолжи да се бори сè додека не го елиминира Хамас.

Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците, војната што почна, потоа и страдањето на луѓето во Газа – тоа е Хамас ИСИС. Ние ќе продолжиме да се бориме сè додека не ги вратиме сите наши заложници и сè додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободи Газа од Хамас ИСИС. За да се осигури дека вакви дела нема да се појават на ниедно друг место во светот – рече Коен.

Израел ќе го почитува прекинот на огнот сè додека не бидат ослободени заложниците, а потоа Коен рече дека ќе продолжат да се борат. Иако недвосмислено рече дека Хамас е одговорен за маскарот, Коен направи паралелела со војната во Украина и рече „всушност, видовме дека оваа земја што се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел во моментот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.