Израелскиот Мосад наводно е вмешан во шпионски скандал против италијанската премиерка Џорџа Мелони и високи функционери, објави весникот „Једиот Ахронот“.

Извештајот тврди дека Мосад соработувал со приватна истражна фирма со седиште во Милано, во која работеле поранешни членови на безбедносните служби, кои наводно ги украле личните податоци на политичари и јавни личности за потенцијална изнуда.

Биле извршени четири апсења, а десетици се под истрага. Сајбер експертите сугерираат дека серверите на италијанското Министерство за внатрешни работи можеби биле хакирани.

Италијанските медиуми, скандалот го нарекуваат „заговор на високо ниво“ во кој се вклучени мафијаши и разузнавачи.

Мелони го осуди заговорот како „закана за демократијата“, додека министерот за одбрана Гидо Крозето повика на итна парламентарна истрага за можната компромитираност на државните тајни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.