Израелската војска нападнала, како што ги нарече, два командни центри на Хамас – едниот во поранешно училиште, а другиот во поранешна џамија, јавува ДПА.

Двата објекта се лоцирани во областа Деир ал Балах, во централна Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Арапските медиуми јавуваат за 24 загинати и десетици повредени во оваа област. Ниту арапските извештаи ниту изјавите на ИДФ не може да се проверат од независни извори, додава германската агенција.

ИДФ соопшти дека командните и контролните центри „се користеле од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел“. Од ИДФ додаваат дека биле потребни „бројни чекори“ за да се ублажи штетата врз цивилите.

Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право, велат од израелската војска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.