Израелската армија денеска уби четворица екстремисти, кои имаа елеци со експлозив и се обидува да преминат од Либан во Израел, изјави воениот портпарол Авихаи Адраи.
На видеото од беспилотно летало објавено од армијата се гледаат екстремистите до граничниот ѕид пред да бидат погодени, што предизвика експлозија.
Ниту една либанска организација не презеде одговорност.
Минатата недела екстремистите од палестинскиот Исламски џихад во јужен Либан ја преминаа границата и се судрија со израелските војници, при што загинаа тројца, а беа повредени неколку други. Екстремистите беа елиминирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.