Додека претставниците на Израел и Хамас продолжуваат да го разгледуваат последниот мировен предлог, израелска преговарачка делегација, според тројца неименувани официјални лица на египетскиот аеродром, пристигнала во Египет подготвена да ги продолжи преговорите за прекин на огнот.
Меѓународните посредници вршат притисок врз Израел и Хамас кон постепен договор кој ќе ги запре борбите и ќе ослободи околу 120 заложници кои ги држи палестинската милитантна група во Појасот Газа.
Разговорите меѓу двете завојувани страни беа прекинати минатиот викенд кога Израел потврди дека цел на масовен напад бил и воениот командант на Хамас, но засега не е познато дали е убиен командантот на палестинската милитантна група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.