Израел рано денеска почна со воздушни напади во долината Бека во источен Либан, соопштија двајца либански официјални лица, пренесоа британските медиуми. Ова се случи неколку часа откако израелско беспилотно летало беше соборено над Либан.

Изворите велат дека израелскиот напад бил насочен кон камп за обука на групата Хезболах во селото Јанта, во близина на границата со Сирија. Еден од нападите бил насочен кон градот Сафри, источниот град Баалбек.

Групата ја презеде одговорноста за вчерашното соборување на израелското беспилотно летало.

Хезболах разменува прекуграничен оган со израелските сили од 8 октомври.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.