Израелските сили денеска го гаѓаа подрачјето на Либан од кое претходно беа истрелани ракети кон израелска територија, соопшти израелската армија.

Во соопштението се наведува дека ракета од Либан експлодирала на територијата на Израел.

Претходно светските агенции, повикувајќи се на три либански безбедносни извори, објавија дека две ракети биле истрелани од јужен Либан кон Израел, од кои едната паднала на либанска територија, а другата во близина на спорна област на границата.

Инцидентот се случи откако Израел ја заврши една од најголемите воени операции во последниве години на окупираниот Западен Брег, во палестинскиот бегалски камп Џенин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.