Воени авиони на израелските одбранбени сили нападнаа повеќе од 250 цели на Хамас во Појасот Газа во последните 24 часа, изјави портпаролот на ИДФ, адмирал Даниел Хагари.

Тој додаде дека, меѓу целите што биле нападнати, имало оперативни штабови, тунелите и ракетните фрлачи кои биле поставени во цивилна средина.

ИДФ претходно соопшти дека „како подготовка за следните фази на борба“ израелската војска изврши операција во северниот дел на Газа.

Тенковите и пешадијата на ИДФ погодија бројни терористички ќелии, инфраструктура и пунктови за лансирање противтенковски ракети по што ја напуштија областа и се вратија на израелска територија, информира ИДФ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.