Израелската армија го уби лидерот на исламистичкото движење Хамас, Али Кади, кој го предводеше крвавиот напад врз Израел, изјави воен портпарол.

„Командантот на специјалната елитна единица на Хамас, Нухба, која го предводеше нападот врз израелските градови во близина на Појасот Газа минатиот викенд, беше убиен во воздушен напад“, рече портпаролот.

Тој додаде дека информациите за смртта на Али Кади во Газа се засноваат на информации собрани од Армијата и Службата за внатрешна безбедност (Шин Бет).

Али Кади беше ослободен од израелските власти како дел од размената на затвореници по ослободувањето на француско-израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше киднапиран од Хамас на 25 јуни 2006 година и ослободен на 18 октомври 2011 година, по пет и пол години заробеништво во Појасот Газа.

Извор од Хамас одби да ја коментира смртта на командантот идентификуван како „Али ал Кади“ и не сакаше да даде никакви информации за неговата судбина.

Според овој извор, Ал Кади (37) е од Рамалах на Западниот Брег, а бил депортиран во Газа како дел од размената на палестински затвореници со цел ослободување на Гилад Шалит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.