Израелската армија објави подготвеност за војна и ги мобилизира резервистите кои веднашпочнаа со воздушни напади врз Појасот Газа, два часа откако исламистичката организација Хамас изврши ненадеен ракетен напад врз израелска територија од таа територија.
Израел објави подготвеност за војна и го обвини Хамас, кој владее со Појасот Газа, за нападот. Армијата соопшти дека Хамас „ќе ги сноси последиците и одговорноста за настаните“
Министерот за одбрана Јоав Галан прогласи мобилизација на резервистите и вонредна состојба на 80 километри од Појасот Газа, по ненадејниот напад на Хамас, соопшти неговиот кабинет. Бројот на резервисти кои ќе бидат повикани ќе зависи од потребите на армијата, пишува „Тајмс оф Израел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.