Израелската армија ја обвини либанската шиитска група Хезболах дека се стреми кон воена ескалација во пограничната област, ризикувајќи да го вовлече Либан во војна.
Ваквата израелска реакција доаѓа по новата размена на напади меѓу Израел и групата.
„Хезболах“ нè напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да добие ништо, но во која може многу да загуби, предупреди портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Х (до неодамна Твитер).
Тензиите на израелско-либанската граница се зголемија вчера по судирите во кои либанското исламистичко движење поддржано од Иран соопшти дека се убиени четворица борци на Хезболах.
Палестинската вооружена група „Исламски џихад“ соопшти за смртта на еден од своите борци.
Израелската армија информираше дека тројца нејзини војници се ранети, од кои еден потешко.
Повредени се и двајца тајландски работници на фарма.
Дали либанската држава навистина е подготвена да го загрози она што остана од либанскиот просперитет и суверенитет во корист на терористите во Газа, воспоставената Исламска држава во Газа? Ова е прашање што либанските власти мора да си го постават и да одговорат“, изјави Конрикус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.