Израел преку Соединетите Американски Држави му предложил на посредникот Катар нов договор за размена на затвореници, наведе израелскиот Канал 13, пренесе „Ал Џезира“.

Договорот најпрво ќе му овозможи на Израел да ги повлече своите војници од густо населените области на Појасот Газа и да дозволи многу поголема помош да влезе во енклавата, објавија државните медиуми.

Во втората фаза, Хамас ќе ги ослободи израелските затвореници, вклучително и жените војници, и ќе ги предаде телата на мртвите Израелци, додека Израел дополнително ќе се повлече во областите за кои ќе се преговара со посредство на Катар и САД.

Медиумите јавуваат дека Хамас „досега го отфрлал овој предлог“ бидејќи не повикува на целосен прекин на огнот додека се разменуваат заложниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.