Израелската армија вечерва соопшти дека болницата во Газа не била погодена од нив, но сметаат дека болницата била погодена од ракета истрелана од палестински милитанти.
„Нашата анализа на оперативните системи покажува дека терористите истрелале повеќе ракети во Газа и дека минувале во непосредна близина до болницата кога била погодена. Разузнавачките податоци што ги имаме од повеќе извори укажуваат дека Исламски џихад е одговорен за неуспешното лансирање на ракетата удри во болница во Газа“, се вели во соопштението.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочува дека за експлозијата во болницата во Газа, како што вели, се одговорни палестинските терористи, а не израелските одбранбени сили.
„За да знае целиот свет: варварските терористи во Газа се тие што ја нападнаа болницата во Газа, а не ИДФ“, рече Нетанјаху и додаде „оние кои сурово ги убиваа нашите деца, ги убиваат и своите деца“.
Марк Регев, висок советник на израелскиот премиер, изјави за Би-Би-Си дека израелските власти разгледуваат што точно се случило и посочи дека нивната војска „намерно не би ја таргетира болницата“.
„Информациите што штотуку ги добив од највисоките власти се дека сè укажува на фактот дека ова не е нарачано од Израел, туку е ракета на Хамас која паднала прерано. Знаеме од минатите судири со терористите во Газа дека во просек секоја трета ракета што ја истрелуваат на нас паѓа во Газа“, рече Регев.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја откажа средбата со американскиот претседател Џо Бајден, поради нападот на израелската армија врз болницата Ал Ахли во Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет.
Бајден утре е во посета на Израел и ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а требаше да разговара и со Абас.
Абас се врати во Рамала и свика итен состанок на палестинското раководство за вечерва поради бомбардирањето на болницата.
Поради бомбардирањето на болницата и убиството на стотици луѓе, претседателот на Палестина Махмуд Абас прогласи тридневна жалост.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус објави дека „најостро го осудува“ нападот на Арапската болница „Ал Ахли“ во Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.