Израел денеска нареди нова евакуација во Кан Јунис, најголемиот град на југот на Газа, бидејќи дипломатите се обидуваат да постигнат примирје на територијата каде бројот на жртвите достигна 20.000, соопшти Хамас.

ОН соопштија дека на социјалните мрежи е објавена наредба за „итна евакуација“ за област која сочинува околу 20 отсто од Кан Јунис, каде што се засолниле повеќе од 140.000 раселени лица.

На почетокот на војната, на цивилите им беше наредено да го напуштат северот на опколените палестински територии и да се засолнат во јужните делови.

Сега има сè помалку места каде што луѓето можат да одат, а има се повеќе протести во светот поради цивилните жртви во оваа војна.

Во понеделникот, израелската армија посочи дека ги засилува операциите во Кан Јунис. Целта на дипломатските напори на неколку фронтови е да се постигне нов прекин на огнот и да се достави хуманитарна помош во Газа.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханија пристигна во средата во Каиро за да разговара за ново привремено примирје во замена за ослободување на 40 израелски заложници, изјави извор близок до Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.